Мицкоски очекува посуштински разговори со Софија дури по нова година
Суштинско поместување во разговорите со официјална Софија за гаранции дека нема да има нови барања по уставните измени, може да се очекува дури по Нова година, и тоа како иницијатива на трети европски држави, најави премиерот Мицкоски на брифинг со новинарите посветен на европската агенда. Тој вели дека Влада е подготвена за разговори за откочување на процесот.
„Сепак за да се реализира тоа треба да има и притисок од некоја од посилна страна,.Тоа бара посериозна акција од други центри на моќ“, рече Мицкоск кој вели дека ова освен со Кошта, на темата веќе разговарал и со двајца европски премиери.
Владиниот брифинг доаѓа само на два дена од работилницата на Филипче за еу ганедата, на која побара политички консензус во Собранито за уставните измени што ги бара Бугарија. Претходно, тој најави дека ќе достави и Резолуција за црвените линии во преговорите со ЕУ.
Мицкоски сега возвраќа дека Разолуцијата на Филипче ја чека веќе еден месец, но никако да стигне. Опозициската СДСМ пак, вели докуменетот мора да биде издражан, па бавно се подготвува.
Но, настрана политичкото прашање со Софија, ЕУ очекува да ги завршиме и задачите од реформската агенда.
Муртезани, пак, уверува дека не доцниме со реформите и очекува во декемврискиот извештај да бидеме оценета како најдобри, пред Албанија и Црна Гора. Остануваат уште 39 чекори, за кои според Планот на раст ќе добиеме финансиска помош од 134 милиони евра.
Се уште најтешки за реализација се судските закони - Брисел бара да се оделат 1,3 отсто од буџетот или околу 100 милиони евра за судството. Но, Мицкоски не попушта за повисоки плати на судиите, обвинителите и членовите на судскиот и обвинителскиот совет додека тие имаат доверба само од два отсто. Се прави компаративна анализа за тоа што сработуваат и колку пари добиваат судиите и обвинителите во 5 европски држави: Германија, Франција,
Хрватска и по една земја од скандинавијата и од централна Европа.
Во завршна фаза е и Кривичниот законик за кој ЕУ бара решение за култниот член 353 –злоупотреба на службена положба, но и смена на забрзаното застарување на овие кривични дела што преку злоупотреба на еу знаменце го донесе претходната власт. Компаративна анализа ќе следи и за овој закон.
Европските реформи нема да трпат дури ни за време на локалните избори, уверуваат владините претставници. И покрај заострената реторика и наврди во предизборието, Мицкоски вели нема информации за можни инциденти.
Предвремени избори до година не се опција, бидејки вели Владата е стабилна, а владината коалиција ќе победи на локалните избори.
„Како ВМРО-ДПМНЕ можеби би ни одговарале предвремени парламентарни избори, но ние не ги гледаме работите партиски, туку државнички. Ако одиме на избори сите проекти кои треба да ги имплементираме би имале стагнација од најмалку шест месеци“, коментираше Мицкоски на брифингот.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар