Loading Video...
Свет
22. September 2025 - 12:28

Преглед на вестите од светот

По Обединетото Кралство, Канада и Австралија објавија дека формално ја признаваат Палестина како суверена држава. Канадскиот премиер Марк Карни соопшти дека Канада  официјално ја признава државата Палестина и го прави тоа со меѓународни партнери за да ја зачува перспективата за решение со две држави.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе, пак, соопшти дека Канбера им придружува на Лондон и Отава во донесувањето на оваа историска одлука. Одлуката државите како што се повикуваат е за носење траен мир и безбедност.

Планираното признавање на Палестина од страна на Франција нема да вклучува отворање амбасада сè додека палестинското движење Хамас не ги ослободи заложниците што ги држи во Газа, изјави францускиот претседател Емануел Макрон. Тој  исто така, се изјасни против какви било планови за раселување на Палестинците од Газа.

Признавањето на Палестина го најавија за оваа недела Португалија и други држави, додека Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека создавањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел и вети дека ќе се бори против таквите повици пред Генералното собрание на ОН.

Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, смета дека признавањето на независноста на Палестина од страна на запедните земји е чекор кон праведен и траен мир, соопшти неговиот кабинет.

Американскиот претседател Доналд Трамп и сопругата на конзервативниот активист Чарли Кирк, Ерика беа заедно на сцената на комеморацијата за нејзиниот убиен сопруг. Трамп го поздрави Чарли Кирк како „маченик за американската слобода“и се заколна на комеморацијата дека ќе продолжи со делото на активистот, додека повторно посочи дека „радикалната левица“ е одговорна за убиството на Кирк.

Ерика гледајќи кон небото и изговори  „Те сакам“, пред да зборува за неговата посветеност на христијанството, неговото семејство и неговиот активизам. Киркови имаат две мали деца.

Комеморацијата беше организирана 11 дена откако беше убиен Кирк, а привлече десетици илјади ожалостени облечени во црвена, бела и сина облека кои го исполнија стадионот „Стејт Фарм“ во Глендејл, Аризона.