Преглед на вестите од светот
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинските сили ги надминале сите очекувања во борбата против Русија. Неговите коментари беа дадени за време на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, а потоа дополнително разјаснети во објава на неговата социјална мрежа Трут соушл.
-Русија не изгледа многу истакнато, борејќи се три и пол години многу тешко, и изгледа дека нема да заврши уште долго време, додаде Трамп.
Од своја страна, Зеленски му се заблагодари на Трамп за неговиот личен напор да ја запре војната, велејќи дека ќе го информира за ситуацијата на бојното поле. Тој тврди дека украинските сили повторно презеле контрола над 360 квадратни километри, опколиле 1.000 руски војници и сакаат да направат размена на заробеници. Зеленски повторно побара посилен притисок и санкции врз Москва.
Со време, трпение и финансиска поддршка од Европа, а особено од НАТО, враќањето на оригиналните граници од каде што започна оваа војна, е многу реална опција“, напиша Трамп. Тој ја нарече Русија „хартиен тигар“ и истакна дека руската економија е во „ГОЛЕМА економска неволја“.
„Благодарен сум за овој состанок и очекуваме дека американските акции ќе ја турнат Русија кон мир. Москва се плаши од Америка и секогаш ѝ обрнува внимание“, рече украинскиот претседател во Советот за безбедност на ОН.
Израелските тенковски единици во последните 24 часа навлегоа во повеќе квартови на Газа, меѓу кои и западните делови на градот, како и области на југот. Армијата тврди дека Хамас користи цивилни објекти како бази за заседи, складишта за оружје, командни центри и влезови во тунели.
Дронови и хеликоптери на израелската војска постојано патролираат над градот. Израел претходно ги повика жителите да го напуштат градот.
Супертајфунот Рагаса, најмоќниот тропски циклон во светот оваа година, го погоди Хонг Конг со ветрови со сила на ураган и поројни дождови во среда.
Ветровите се со брзина до 200 км/ч и помина околу 100 км јужно од густо населената територија пропратени со поројни дождови. Регионите каде се движи супертајфунот имаа предупредување луѓето да останат во своите домови, а одделни градови беа и буквално затворени.
Во Хонг Конг аердромот беше затворен повеќе од 36 часа и откажани околу 700 летови. Хонг Конг го издаде сигналот за тајфун 10, неговиот највисок. 14 лица загинаа, а повеќе од 100 се водат како изчезнати во регионот на Хонг Конг.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар