Loading Video...
Свет
25. September 2025 - 12:22

Преглед на вестите од светот

Државниот секретар на САД Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, се сретнаа еден ден откако Трамп ја нарече Москва хартиен тигар“ и изјави дека Украина може да ја врати својата окупирана територија. Рубио и Лавров, заедно со своите делегации, се сретнаа на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. На состанокот присуствуваше и амбасадорот на САД во Обединетите нации, Мајк Валц. Средбата траеше околу 50 минути. Лавров не одговори на прашањата при заминувањето, додека портпаролот на Стејт департментот Томи Пигот објави кратка изјава, наведувајќи само дека Рубио го повтори повикот на претседателот Трамп да се запре убивањето и потребата Москва да преземе значајни чекори кон трајно решавање на војната меѓу Русија и Украина.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во обраќањето пред Генералното собрание на ОН ги повика светските лидери на итна акција против Русија. Според него рускиот претседател нема да застане и ќе ја турка војната понапред, пошироко и подлабоко“.

Украина е само првата. Руски беспилотни летала веќе летаат низ цела Европа. Тој го заврши говорот истакнувајќи оти имал добар“ состанок со американскиот претседател Доналд Трамп во Њујорк.

Хонг Конг ги обнови летовите на својот меѓународен аеродром во денеска по 36-часовна суспензија предизвикана од најмоќниот тропски циклон оваа година. Летовите на аеродромот беа прекинати од вторник вечерта, поради силни ветрови и обилни дождови донесени од супертајфунот Расага. Аеродромската управа на Хонг Конг соопшти дека авиокомпаниите постепено ќе ги обноват летовите .

Жителите во град во Тајван, затрупан со кал, се соочија со недостиг на вода, воедно продолжуваат напорите за чистење во источниот крајбрежен округ Хуалиен, каде што 14 лица загинаа од тајфунот. Противпожарната служба на Тајван соопшти дека 34 лица сè уште се водат како исчезнати. Ослабениот тајфун Рагаса, во градот Јангџијанг во Кина предизвика сериозни поплави и материјална штета. Многу дрвја беа откорнати и паднати на улиците при што создадоа и проблм со транспортот.

Екипите за поправка работат на враќање на електричната енергија, водата, комуникациите и расчистување на остатоците. Транспортните мрежи постепено ја продолжуваат услугата.