Оценка на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за првиот круг од локалните избори во Македонија
Првиот круг од локалните избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор, но се одржаа во поларизирано политичко опкружување – меѓународната мисија на ОБСЕ/ОДИХР ја објави прелиминарната оценка за прбвиот ден на изборниот процес. Забележуваат дека непримената на дел од нивните препораки и точноста на избирачкиот список останува да се следи со загриженост.
Во однос на реториката и кампањата, кандидатите воделе кампања за општински прашања, но процесот бил обележан и со дебата за идентитетот, интеграциите корупцијата и правичната застапеност. Жените според набљудувачката мисија биле недоволно застапени во избонит процес.
Меѓународното набљудување на изборите беше покриено со 276 набљудувачи од 40 земји, составени од 254 експерти и долгорочни и краткорочни набљудувачи на ОДИХР, 15 пратеници и службеници од Конгресот и 7 од Европскиот парламент.
Мисијата ќе ја следи кампањата и за вториот круг на гласање, по што ќе излезе со конечната оценка за изборниот процес.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
