Македонија
29. October 2025 - 12:15

Критична состојбата на текстилните работнички кои возрасни остануват без работа

Модни брендови банкротираат, други се иселуваат во земјите од средниот и далечниот Исток, а текстилната индустрија едвај се држи на нозе. Состојбата е слична во сите индустриски гранки, тврдат од Гласен текстилец.

- Под удар е приватниот сектор. Треба да се донесат мерки кои ќе бидат од корист и за работниците и за компаниите, меѓутоа тоа досега не го гледаме, изјави Кристина Ампева, Гласен текстилец-Штип

Работниците се во незавидна положба, бидејќи некои не се членови на синдикат, дел од фирмите се со странски управители, кои раководат со машини под кирија и изнајмен простор, па многу лесно ставаат клуч на врата и си заминуваат. Просечната возраст на работничките во текстилната индустрија во Штип е 45 години, но многу посериозно е на крајниот исток од земјата, каде просекот на староста на текстилките е 55 години и многу тешко можат да најдат ново вработување.

- Тоа постојано го зборуваме. Тие жени имаат уште неколку години до старосна пензија и во меѓувреме остануваат под Агенцијата за вработување и го земаат надоместокот во случај на привремена невработеност, кој што ги следува зашто останале без работа, меѓутоа што после. Тоа е период од година, година и половина кога можат да го земаат надоместокот, кога имаат и здравствено осигурување, меѓутоа што по тој период, каде ќе бидат вработени, прашува Ампева

Само во Штип изминатите 3 месеци се затворија 4 конфекции, вработените останаа и без плата и без работа.