Советници од САД и Украина утре ќе присуствуваат на мировни преговори во Берлин

Советници за надворешна политика од САД, Украина, Германија и други земји утре ќе продолжат со разговорите за мировен план за Украина во Берлин, изјавија владини извори за ДПА.
Вашингтон претходно соопшти дека специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, ќе отпатува во Берлин. Времето и локацијата на разговорите првично не беа откриени.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со голем број европски лидери, вклучувајќи ги и шефовите на Европската унија и НАТО, в понеделник.
Се очекува на состанокот да присуствуваат и францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер.
Од ноември, кога беше објавен предлогот на САД во кој се наведува потенцијална рамка за завршување на војната, се одржаа неколку рунди разговори меѓу Вашингтон, Киев и европските партнери, со различни амандмани и контрапредлози.
МИА
Ново на Сител
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
