Зеленски: Украински преговарачи заминуваат во САД на разговори за прекин на војната

Украинските преговарачи се на пат кон САД за разговори за ставање крај на војната со Русија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Нашиот тим ќе биде во САД во петок и сабота, изјави Зеленски.
Американските медиуми „Политико“ и „Аксиос“, повикувајќи се на неименувани извори, објавија дека е планирана средба меѓу претставници на Кремљ и администрацијата на претседателот Доналд Трамп во Мајами, на која би се разговарало за мировниот план што неодамна беше разработен во Берлин од Украина, европските сили и САД.
Како што пренесува ДПА, не се очекува средба на која би присуствувале претставници на САД, Русија и Украина заедно.
Според извештаите, на американската страна разговорите ќе ги предводат специјалниот пратеник на САД Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зет на претседателот Доналд Трамп, додека на руската страна се очекува да учествува Кирил Дмитриев, главен преговарач на претседателот Владимир Путин.
Белата куќа засега не ги потврди разговорите.
Претставници на САД, Европа и Украина се сретнаа во Берлин во неделата и понеделникот. На средбите присуствуваа Зеленски, Виткоф и Кушнер.
„Аксиос“ објави дека во Мајами американските претставници ќе ја информираат руската страна за постигнатиот напредок и ќе се обидат да ја добијат нејзината поддршка за ажурираниот мировен предлог.
Според истите извори, главниот украински преговарач Рустем Умеров исто така се очекува да пристигне во Мајами кон крајот на неделата, при што се планирани разговори меѓу него, Виткоф и Кушнер.
Зеленски изјави дека ќе се разговара и за безбедносните гаранции за Украина. – За нас е од суштинско значење тоа да биде усвоено во Конгресот на САД, за да станува збор за правно обврзувачки гаранции, истакна тој.
МИА
Ново на Сител
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
