Македонија
23. December 2025 - 21:15

Од ДУИ одбија да ги коментираат реакците на Филипче и Муцунски

Условите кои ДУИ ги постави за влез во идна влада не им се допаѓаат ниту на ВМРО ниту на СДСМ. Условот на Али Ахмети, според кој идната Влада би се избирала со Бадентерово мнозинство доколку некоја партија коалицира со нив, за лидерот на СДСМ, Венко Филипче е обид за собирање политички поени.

Министерот за надворешни работи пак Муцунски му порача дека се уште живее во времето од пред 20 години и со ваквите политили долго ќе си седи во опозиција.

Не е време кога Ахмети е во позиција да поставува услови. Треба да се фокусира на реформи во партијата, ценат политичките аналитичари.

На денешниот состанок на генералниот совет ДУИ ги избра претседателите на своите ограноци. Од партијата вечерва одбија да ги коментираат реакциите на Муцунски и Филипче.