Македонија
25. December 2025 - 12:50

Ѓорѓиевски: По наследеното катастрофално финансиско наследство, Скопје денес чекори кон стабилизација

Советот на Град Скопје денеска треба да го усвиои буџетот за следната година.

Планираните приходи се над 7 милијарди денари, додека расходите надминуваат 8 милијарди.

Советниците на денешната седница треба да одобрат и субвенции за помош на јавните претпријатија под капата на Град Скопје. Градоначалникот Ѓорѓиевски во своето обраќање пред советот рече дека на сметката на градот наследиле само 40.000.000 денари, а денеска имаат над 400 милиони денари.