Македонија
29. December 2025 - 12:18
Недостига кадар во угостителскиот сектор
Сезоната на предновогодишните прослави во Охрид е во полн ек но угостителите повторно се соочуваат со истиот проблем недостиг на стручен кадар.Има потреба од секаков тип на персонал од келнери шанкери, до готвачи а многу тешко се наоѓаат и рецепционери.Трендот на заминување во Хрватска ,Словенија а последниве години се почесто и во Малта не запира .
Иако платите во секторот пораснале, сепак тоа не е доволно да се задржат младите.
Хотелиерите се жалат дека дејноста е загрозена поради недостигот на работна сила.Дел заминале надвор, а оние пак кои што останале или смениле професија или веќе не сакаат да ја работат оваа дејност.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
