Македонија
29. December 2025 - 16:30

Мицкоски - за 8 години има 6000 помалку новороденчиња или 6 км празни училници

По неколкугодишниот негативен и опаѓачки тренд на Гинекологија, годинава на клиниката има повеќе од 4000 илјада раѓања. Бројката за 2025 е повеќе од 200 новороденчиња во споредба со претходната, а според надлежните на тоа влијае и повторното обновување на психосоцијалната подговотвка за трудници и безболното породување.

- Пред малку се роди 4026 бебе на клиниката и оној тренд на пад на раѓање го намаливме и искрено се надевам дека е така и во сите институции и повторно младите ќе се охрабрат да раѓаат во нашата земја, вели проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев, директор на ГАК

Позитивни се бројките на Гинекологија, но разочарувачки се на ниво на држава каде за период од 8 години, или од 2016 до 2024 има 6000 помалку новороденчиња. Премиерот Мицкоски цели бадијала се вложува во училишта и градинки кога нема кој да ги користи и затоа упати апел до младите.

-Ако е еедна училница со 20 ученици тоа е 300 празни училници имаме сега. Ако една училница е 20 метри, имаме вкупно 6 километри празни училници, вака изгледа изумирање на една нација. Затоа мојата порака до малдите е љубовта кон татковината се манифестира со тоа што одлучуваме, секако тоа е лична одлука, да создадеме семејство и да се реализираме како родители, вели Христијан Мицкоски, претседател на Влада.

Премиерот беше во обиколка на Гинекологија по завршување на реконструкцијата на лаборатории и влезот на клиниката и набавка на опрема. Надлежните велат целта е подобро јавно здравство за граѓаните да имаат пристап до услуги што заслужуваат.