Граѓаните се подготвуваат за најлудата ноќ, програма ќе има и на Плоштад Македонија
Одбројувањето влегува во завршна фаза. Граѓаните се подготвуваат за најлудата ноќ. Утре ја испраќаме 2025-та и ја дочекуваме 2026-тата година. Плоштад Македонија ќе биде срцето на новогодишната прослава - место каде се очекува голем број на скопјани со греено вино ќе ја дочекаат Новата година.
Екипата на Сител направи обилколка низ Скопје. Ги прашавме граѓаните какви им се плановите. Најголемиот број од нив утревечер ќе останат во кругот на семејството, во домашна атмосфера. Но, граѓаните се жалат – цените во маркетите се високи, а платите исти.
Нова година, но сепак стари и скромни желби на граѓаните.
На Плоштад Македонија веќе се прават последните подготовки за најлудата ноќ. Полека се поставува бината каде утревечер ќе настапат најголемите македонски музички ѕвезди.
Централната прослава стартува во 20 часот со Миле Кузмановски. На сцената ќе настапат и Огнен Здравковски, Дина Јашари, Куку Леле, Пајак и Лара. Посетителите на Плоштад Македонија ќе ги забавуваат и ѕвездите Тамара Тодевска и Каролина Гочева.
Два Бона заедно со публиката ќе ги одбројуваат последните секунди од 2025-тата година.
Во меѓувреме, институциите се со полни раце работа. Инспекторите се на терен. Дежурните служби на Итната медицинска помош ќе бидат постојано достапни за граѓаните. Од МВР со апел до граѓаните, не пукајте петарди, не возете пијани и да не се претерува со алкохолот.
Оваа година нема да има организирано огномет од Град Скопје.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
