Македонија
1. January 2026 - 16:46

Среќна Нова 2026 година

Плоштад Македонија – срцето на централната прослава во метрополата. Илјадници лица уживаа во новогодишна атмосфера, со македонска музика, греeно вино и добро мезе. Преполн не само со скопјани, граѓани од целата држава и туристи. 

За добрата журка беа задолжени исклучиво македонските изведувачи. Се пееја познати песни, граѓаните играа во ритамот на Новата година.

Новата година на Плоштад Македонија ја дочека премиерот со сопругата, но и градоначалникот на Скопје. 

Официјален огномет годинава немаше организирано во Град Скопје.