Фидан: Исклучително сме блиску до траен мир во Украина

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека постигнувањето траен мир во војната во Украина во моментов е „исклучително блиску“, нагласувајќи ја подготвеноста на Анкара да преземе одговорност за безбедноста во Црното Море доколку дојде до примирје меѓу Москва и Киев, јави Анадолија.
- Според мене, во овој момент сме исклучително блиску до постигнување траен мир во Украина. Барем гледаме дека неколку области што се клучни за мирот се дискутираат на исклучително сериозен начин, изјави Фидан за новинарите во турската амбасада во Париз по состанокот на „Коалицијата на подготвените“ за Украина што се одржа вчера.
Истакнувајќи го значењето на средбата во Париз, Фидан рече дека на состанокот го претставувал турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и дека на него учествувале лидери на држави и претставници на институции како Европската Унија и НАТО. - Беа разгледувани важни прашања, наведе тој.
- Она што го гледаме е дека, доколку двете страни постигнат договор, тоа нема да биде само мировен договор со кој ќе заврши војната во Украина. Тој долгорочно ќе ги одреди и условите на мирот меѓу Русија и Европа во новата ера, а воедно ќе биде сеопфатен договор што ќе ја обликува идната регионална политика на Москва, изјави Фидан.
Во однос на конкретните теми на разговор, турскиот министер наведе дека станува збор за мониторинг на евентуален прекин на огнот, одржување на способноста за одвраќање на Украина и можноста за воени мерки во случај на прекршување на примирјето. Тој повторно ја истакна подготвеноста на Турција да преземе одговорност за безбедноста во Црното Море доколку се постигне примирје.
-Со оглед на тоа што Турција е земја членка на НАТО со најголема флота во Црното Море, сосема е природно таа да преземе одговорност за безбедноста во тој регион. Се надеваме дека мировниот договор ќе биде потпишан што е можно побргу, за да се спречи понатамошна загуба на човечки животи и да се врати стабилноста во регионот, изјави Фидан.
МИА
Ново на Сител
-

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна
-

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
-

Сакам да кажам со Горан Михајловски | Неформално | Sitel Podcast 134
-

Двајца мажи пронајдени мртви во викендица
-

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фалангата во Данска на ЕП
