Македонија
14. January 2026 - 16:37

Лидерска средба без СДСМ

Оптимизам, конструктивност и позитивни впечатоци по првата лидерска средба на која премиерот ги покани сите претставници на пратеничките групи во Собранието. Иако нема конкретни договори, Мицкоски очекува согласност за реформската агенда, сејф сити и пржинската влада

Мицкоски вели дека паднал договор, комуникацијата за сите отворени прашања да продолжи во Собранието на ниво на координатори на пратенички групи. 

Сите лидери се подготвени да ја отворат и темата за измена на изборниот модел, а веќе ниту ДУИ не е против

Ахмети очекува со премиерот да се види на само и веројатно од оваа средба ќе зависи и поддршката на ДУИ за прашањата кои бараат бадентерово мнозинство, а меѓу нив и изборот на народен правобранител. ЗА укинување на пржинската влада, од ДУИ велат дека ќе се консултираат со меѓународните партнери по што ќе излезат со став. 

Укинувањето не е проблем ниту за Левица. Лидерот Апасиев денеска не криеше дека е прилично изненаден од конструктивната атмосфера

Во владејчкиот блок ставовите се речи си усогласени. И ВРЕДИ и ЗНАМ се за укинување на пржинската Влада. Апелираат да се поддржат реформите, а во ВРЕДИ бараат и поголема вклученост на дијаспората во изборните процеси

На тркалезната маса едно столче остана празно откако Претседателот на СДСМ, Филипче реши да ја бојкотира лидерската средба.