Македонија
16. January 2026 - 16:26
Мјузикал „Као какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски - премиерата во мај
Денеска беше најавен новиот македонски новосоздаден мјузикал „Као какао“, инспириран од музиката на великанот Влатко Стефановски. Премиерата е закажана за во мај, а проектот се реализира во копродукција со Македонскиот народен театар.
„Као какао“ носи моќна љубовна приказна, исполнета со длабок копнеж, емоција и верба во успехот, раскажана преку музика. Во создавањето на мјузиклот учествуваат врвни имиња од македонската театарска сцена – текстот е на Венко Андоновски, а режијата ја потпишува Дејан Пројковски.
Со силна авторска екипа и музичка подлога што зборува сама за себе, „Као какао“ најавува возбудливо театарско доживување и еден од најзначајните културни настани оваа пролет.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
