Македонија
23. January 2026 - 12:27

Вработените во Пошта протестираат оти им доцни платата, директорот вели денеска ќе биде исплатена

Од утринава протестираат вработените во Пошта. Незадоволни се што се уште немаат добиено плата за декември.

Вработените се пожалија дека во последните неколку месеци постојано им доцни платата, но никогаш не доцнела како сега.

Протестот не е само во Скопје, туку низ сите градови низ Македонија.

Директорот на пошта Орхан Куртиши во изјава за Сител претпладнево информираше дека вработените во пошта ќе добијат плата до крајот на денешниот ден.