Селекција на отпад
Прилеп останува лидер во селекцијата на отпад во Македонија. Одлучено е прилепскиот модел на селекција кој функционира од 2008 да го спроведат и останатите општини. Досега во Прилеп кај домаќинствата се поделени 24.000 канти за селекција. Како дел од иградбата на Регионалниот центар за управување со отпад кој ќе се гради во Новаци Прилеп доби нови 8.316 жолти и зелени канти за селекција и 125 контејнери со истата намена. А до јуни Прилеп ќе добие и 9 возила за собирање на смет. Во моментов се работи на урбанистички проект за локацијата каде сега рачно се врши пакувањето на селектираниот отпад која во иднина треба да прерасне во современ Собирен центар за бесплатно одлагање на разни видови на отпад.
„Граѓаните се она што во моментот немаат каде да го одложат, а за тоа не е задолжено ЈКП „Комуналец“, на пример, дограма, санитарија, градежен шут, гуми, електронски отпад... ќе можат да го донесат на таа локација“, истакна Лилјана Силјаноска, ЈКП „Комуналец“ Прилеп.
Во посебна хала кај депонијата Алинци 50% проценти е веќе монтирана линијата за секундарна селекција на отпадот и се очекува истата да се пушти оваа пролет и да биде прв ваква во Македонија. Со тоа целиот отпад во Прилеп ќе биде селектиран. А во иднина колку помлаку отпад се носи на Регионалната депонија во Новаци, толку помалку и ќе се плаќа.
„Значи во иднина цената за отпадот ќе биде во рацете на Регулаторната комисија и верувам дека ќе биде по принципот на домаќинства кои селектираа и не селктираат отпад. Цената за оние кои не селектираат отпад ќе биде повисока“, додаде Силјаноска.
Но сепак во иднина и држата и бизнис секторот треба повеќе да се вклучат во отворање на домашни рециклирачки центри затоа што сега извозот на овие материјали често зависи од странските купувачи кои ја одредуваат цената.
„Во моментов значи се прави комплетен извоз на селектираниот отпад, а тоа значи зависност од странскиот пазар, многу пати одиме и во одредена загуба на Јавно претпријатие кога таа цена паѓа на светската берза, а многу пати сме дошле во ситуација и да во одреден момент немаме ниту еден откупувач“, истакна Силјаноска.
Во моментов Прилеп работи и на распишување на јавна набавка за изработка на техничка документација за компостара која ќе биде лоцирана исто кај депонијата во Алинци.
-
Дарко Штаргоски
Сите содржини од овој новинар
