Македонија
24. January 2026 - 16:35

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО

Се подготвува извештајот од страна на македонските власти а формиран  е и кризен штаб кој работи на препораките  и обврските за заштита на природните и културните вредности на охридскиот регион. Министерот за култура Љутков во февруари очекува позитивна оценка  од Унеско вели направено е доста но потребна е комуникација и со албанската страна.

Добрите познавачи од областа на туризмот сметаат дека не смее да се дозволи преголема урбанизација и негрижа кон езерото и културно историското наследство.

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Париз го усвои амандманот поднесен од македонските претставници, со кој беше барано да се одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски наследства во опасност. Со тоа властите добија нови услови - до 1 февруари 2026 година да достават извештај за преземените мерки за заштита.