Ноем: Човекот кој беше застрелан во Минесота бил вклучен во насилни немири

Американската секретарка за национална безбедност Кристи Ноем изјави дека 37-годишниот медицински болничар, Алекс Прити, кој вчера беше застрелан од полицијата во Минеаполис, бил учесник во „насилни немири“.
Ноем на прес-конференција во Вашингтон изјави дека не познава ниту еден „мирен демонстрант“ кој „се појавил на протестот со пиштол и муниција“, а не со транспаренти, објави денеска Си-Ен-Ен.
„Ова се насилни немири. Имаме некој што се појавил со пиштол и го користи за да нападне полицајци. Ова лице отишло и ги прекинало нивните операции за спроведување на законот, ги нападнало тие полицајци, имало пиштол и десетици куршуми“, рече Ноем.
Ноем не одговори директно на прашањата дали Прити бил разоружан пред да бидат испукани истрелите кон него, или во кој момент федералните службеници го извадиле пиштолот.
„(Полицајците) реагирале во согласност со нивната обука и презеле мерки за да го заштитат животот на полицаецот и животите на јавноста околу него“, рече Ноем.
Полицијата во Минеаполис вчера соопшти дека Прити имал дозвола за носење оружје.
Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, објави табела на социјалните мрежи во која се наведени три чекори за „избегнување на ICE“, или агенти за имиграција и царинска контрола, откако агент на граничната патрола смртно рани човек во Минеаполис.
„1. Не бидете тука нелегално. 2. Не напаѓајте службеници на ICE. 3. Почитувајте ги федералните и државните закони“, пишува на постерот, покрај цртеж на бел човек кој носи документи и футрола за пиштол.
Објавата на Хегсет доаѓа откако тој ги обвини раководството на американската држава Минесота и „лудите на улицата“ по пукањето во Алекс Прити, а тонот на објавата на Хегсет е во согласност со одговорот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на пукањето, која ги поддржа федералните агенти.
Окружниот обвинител на округот Хенепин и Бирото за криминални апсења на Минесота објавија дека поднеле тужба против администрацијата на Трамп за да се спречи фалсификување и уништување на докази поврзани со фаталното пукање во агентот на граничната патрола, Алекс Прити.
„Обвинетите и оние кои дејствуваа по нивни упатства и под нивно овластување, се оддалечија од местото на пукањето, спречувајќи ги државните власти да направат увид на местото на настанот“, се наведува во соопштението.
Тужбата е поврзана со барање за привремена забрана за пристап поднесено вчеравечер во Окружниот суд во Минесота против Одделот за внатрешна безбедност, царина и гранична патрола (ICE), американската гранична патрола и главниот обвинител на САД, Пам Бонди.
„Нашата канцеларија има надлежност да го разгледа ова прашање за потенцијални кривични дела сторени од страна на вклучените федерални агенти и ние ќе го сториме тоа“, рече обвинителката на округот Хенепин, Мери Моријарти.
Таа додаде дека тужбата е „само една од многуте активности“ што ги презема канцеларијата „за да се осигури дека може да се заврши темелна и транспарентна истрага на државно ниво“.
Како што е објавено, Одделот за внатрешна безбедност не ѝ дозволи на Истражната единица на работната група на Минесота да пристапи до местото на пукањето во кое беше убиен Алекс Прити, но сепак беше „ангажирана и вклучена“ во истрагата на инцидентот.
Министерството за внатрешна безбедност на САД вчера соопшти дека федералните агенти на ICE вклучени во фаталната пукотница во Минеаполис дејствувале во самоодбрана и дека човекот кој бил смртно застрелан „силно се спротивставил“ на нивните обиди да се разоружа.
Министерството соопшти дека агентите спроведувале насочена операција против имигрант „без документи баран за тежок напад“ кога „едно лице им се приближило на агентите на американската гранична патрола со полуавтоматски пиштол од 9 мм“.
„Полициските службеници се обиделе да го разоружаат, но вооружениот осомничен пружил жесток отпор. Плашејќи се за својот живот и за животите и безбедноста на неговите колеги полицајци, агентот испукал истрели во одбрана. Медицинските работници на местото на настанот веднаш му пружиле медицинска помош на осомничениот, но тој бил прогласен за мртов на лице место“, се вели во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Од денеска се ограничува слободата на движење на руските дипломати во Европската Унија
-

Ноем: Човекот кој беше застрелан во Минесота бил вклучен во насилни немири
-

МВР денеска ги тестира камерите за „Безбеден град“ во Куманово и Тетово
-

На Попова Шапка изутринава минус еден степен, во Гевгелија 8
-

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени парични казни од 618 илјади евра
-

Мелони запрепастена од изјавите на Трамп за војниците на НАТО во Авганистан, бара „почитување на улогата на сојузниците“
-

Состојба на патишта
-

Крводарителска акција во чест на хуманоста на Тоше Проески
