Македонија
25. January 2026 - 16:32

Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух

Општина Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух кој за жал изминативе години го има и во крајезерскиот град . Инспекторите вршат надзор но потребно е системско решение за овој проблем кој особено во  текот на зимските месеци  значително е зголемен.Во планот за подобрување на квалитетот на воздухот акцент е ставен на енергетска ефикасност. Сообраќајот и домаќинствата кои се греат со цврсто и течно гориво се најголемите загадувачи на воздухот .

Екологистите велат дека претераната урбанизација исто така има влијание на квалитетот на воздухот и предлагаат забрзано да се  работи на зелена инфраструктура 

Загадувањето на воздухот е водечки фактор на ризик по здравјето на населението кое предизвикува низа болести и зголемена смртност.