Преглед на вестите од светот
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски оцени дека неговата земја ќе биде подготвена за отворање на сите кластери во првата половина на 2026 година, а целосно технички подготвена за прием во Европската Унија во 2027 година. Тој истакна дека е важно Украина да одреди конкретен датум за пристапување кон ЕУ во мировниот договор, со цел да се обезбедат јасни безбедносни гаранции и да се спречи какво било блокирање на нејзиното членство.
Американскиот документ за безбедносни гаранции за Украина е целосно подготвен и треба да биде потпишан. Зеленски имаше средба со претседателот на Литванија, а на состанокот се разговарало и за заедничките одбранбени проекти. Тој побара од сојузниците повеќе муниција за противвоздушната одбрана на Украина со цел подобро да се спротивстави на руските напади, што оставија стотици илјади жители на Киев без електрична енергија и греење сред зима.
Специјалниот американски претставник Стив Виткоф изјави дека разговорите на официјалните претставници на САД со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за втората фаза од мировниот план од 20 точки за Појасот Газа биле конструктивни. Неименуван американски претставник им изјави на новинарите дека на средбата станало збор за предавање на телото на последниот заложник во Појасот Газа. Средбата се одржала во Ерусалим.
Опасна зимска бура што ги зафати Соединетите Американски Држави со студени ветрови и температури што паднаа далеку многу под нулата и ги оставија ранливите луѓе во екстремен ризик. Седум луѓе ги загубија своите животи, а стотици илјади домови се без електрична енергија. Поради лошите временски услови затворени се училишта, патишта, откажани се летови од Тексас до Нова Англија. Во Њујорк беа користени синџири на задните тркала, а службите ги чистеа улиците, додека пешаците со многу напори се движеа по лизгавите тротоари.
Најтешко погодени се државите Мисисипи, Луизијана и Тексас, каде што околу 730.000 домаќинства останаа без струја, а се проценува дека дури 190 милиони луѓе се изложени на ризик од прекини во снабдувањето со електрична енергија и греење.
Невремето зафати површина од околу 3.000 километри, од Ново Мексико до Мејн, а во неколку држави е прогласена вонредна состојба. Властите ги повикуваат граѓаните да останат дома. Метеоролошките власти во Канада предупредија на над 60 сантиметри снег во делови од Торонто, а опасните услови за зимска бура ќе продолжат
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
