Македонија
26. January 2026 - 16:33

Две монтажни гаражи со 500 нови паркинг места добива Клиничкиот центар – Скопје

Со 500 нови паркинг места ќе се решава хаосот во паркирањето на Клиничкиот центар во Скопје. Град Скопје го почна процесот на реализација на две монтажни гаражи.

Едната катна гаража предвидено е да биде изградена во непосредна близина на Клиниката за гинекологија, а другата до Клиниката за инфективни болести.

Ѓорѓиевски очекува по утрешната владина седница да ги добијат ингеренциите за преземање на паркингот. 

Цените на паркинг услугата ќе бидат исти а онколошките пациенти нема да плаќаат. Овој список дополнително ќе биде проширен најави градоначалникот на Скопје. 

Проблемот со паркингот на клинички е децениски јазол за кој досега ниту една власт не најде решение. Последен таков обид имаше екс министерот за здравство Таравари кој имаше идеја за јавно приватно партнерство. Планот беше паркингот да припадне на приватен инвеститор кој ќе менаџира со него одреден број години додека да ја поврати инвестицијата. Овој план пропадна бидејќи се појавија сомнежи дека тендерот наводно бил местен за контроверзни фирми од соседството.