Македонија
26. January 2026 - 16:33

Две иницијативи стигнаа до Уставен за оспорување на проектот „Безбеден град’

На неколку дена од стартот на примената на проектот Безбеден град, Алијанса на Албанците предводена од Села ги оспори измените на Законот за прекршоци пред Уставниот суд.

Обвинуваат дека законското решение прави дискриминација на граѓаните, а несериозно било казни и судски одлуки да пристигнуваат преку порака, без да се почитува Законот за јазици.

Иницијатива до Уставен најави и крилото на Таравари, според кои дискриминаторски и неправедно тоа што системот „Безбеден град“ ќе се применува само во Скопје, Тетово и Куманово, наместо на целата територија на државата.

Официјалната комуникација со граѓаните, вклучително и известувањата и санкциите што произлегуваат од проектот „Безбеден град“, се спроведува без почитување на јазичните права на граѓаните Албанци. Ова претставува директно кршење на законот и уставните принципи на мултиетничка и демократска држава. Алијансата за Албанците бара преиспитување на нивото на казните и нивото на толеранција, за да не стане безбедноста во сообраќајот тежок економски товар за граѓаните.

До архивата на Уставен пристигната е иницијатива  и од Или Пачуку, студент на право, според кого со проектот граѓаните не се третираат еднакво, ниту се почитува двојазичноста.

 Судот вели ќе се пострапува како и за сите останати предмети.

Откако измените добија зелено светло од парламентот, владејачката партија и повтрно реагира дека неодржливи се причините на СДСМ и ДУИ да гласаат против Безбеден град, обвинувајќи дека Ахмети и Филипче сега се коалиција и во опозиција.

Измените на Законот за прекршоци кои беа неопходни за официјален старт на системот Безбеден град се усвоија во Собранието со 81 глас ЗА. 81 претставници во Собранието, избрани од народот, сметале дека треба да се воведе сисемот Безбеден град. Ама, Венко и Али  сметаат дека тоа е не е добро за граѓаните. Сите развиени земји во светот имаат имплементирано ваков систем. На пример, во Дубаи постои ,,Смарт Дубаи“, официјална иницијатива на Владата на Дубаи, лансирана во 2014 година, со цел Дубаи да се трансформира преку технологија и дигитални иновации. 

На терен полицијата ги финализира тестирањата на камерите на потег од Катланово, Велес до Гевгелија. 

Според МВР, во првата фаза камерите ќе бидат ставени во функција на локации со зголемен ризик, а во текот на годината системот постепено ќе се проширува на територијата на целата држава. Паралелно, ќе бидат активирани и возила на МВР опремени со мобилни камери, кои ќе дејствуваат особено на т.н. „црни точки“ на патиштата.