Македонија
27. January 2026 - 12:12

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев сакале да ја преземат болницата „Жан Митрев“

Колку милиони народни пари требаше да завршат во џебовите на Заев и Филипче со планот за преземање на болницата Жан Митрев?, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ во писмено соопштение.

„Филипче да не молчи и да одговори дали навистина имал за цел со преземање на болницата Жан Митрев да си приватизира за лична корист, пари од народот? Колку ќе профитирале Филипче и Заев од зделката за планот што го скроиле и колку народни пари ќе завршеле во нивните џебови? ЈО да го истражи случајот со Клиничката болница Жан Митрев.“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.