Македонија
27. January 2026 - 16:29

Се сруши потпорен ѕид на штипска клиника и затрупа две возила

Падна потпорен ѕид на клиничката болница во Штип и затрупа две паркирани возила. За среќа во тој момент немало минувачи по улицата „Љубен Иванов“ и нема повредени лица. Ѕидот се срушуил утринава после 9 часот. Еден од паркираните автомоболи бил на пациенти од Велес кои дошле на преглед во болницата. Само што пристигнале, го паркирале возилот и по неколку секунди откако го напуштиле бетонските блокови го потрупале, сведочи велешанката Кате Крстевска.
 
- Се паркиравме и само што појдовме по угорницата слушнавме и кога дојдовме и видовме тука, страшно, навистина страшно. Се поправа, само нека се здрави и живи децата, изјави Кате Крстевска, патник во возилото.
 
На лице место излегоа екипи од штипската сообраќајна полиција за регулирање на сообраќајот, а подоцна пристигнаа и екипи на ЈП „Стипион“ за расчистување на улицата. Според првичните информации потпорниот ѕид паднал поради свлечиште предизвикано од континуираните врнежи на дожд.