Македонија
28. January 2026 - 12:24

Јавна расправа за Нацрт-закон за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор

Експерти од областа денеска расправаат како да се подобри Нацрт-законот за отворени податоци, закон со кој откако ќе биде донесен,  Македонија се усогласува со европските политики во делот на отчетноста и транспарентноста. За државата и институциите, ова значи системско поместување кон целосна отвореност јасни обврски, стандарди и процес – навремено објавување, машински читливи формати, квалитет и употребливост.

А за граѓаните полесен пристап до информациите со кои располагаат институциите.