Левица ќе поднесе два предлог закони за подобрување на работничките права
Крај на партизација во јавното здравство и бремените жени да не смеат да бидат избркани од работа. Левица до крајот на неделава најави дека ќе поднесе два предлог закони за подобрување на работничките права.
Амар Мециновиќ, пратеник од Левица „Кажува за 1 предлог закон“
Со второто законско решение, секоја жена со договор на определено време која ќе достави потврда за бременост нема да може да добие отказ, а договорот веднаш ќе премине во неопределено. За работодавците што нема да го почитуваат законот се предвидуваат драконски казни. Спасовски вели дека одлука дали неговата партија ќе ги поддржи законските решенија ќе носи откако ќе му биде доставен текстот. Мицевски не одговори на телефонските повици на Сител.
Обид за да се смени овој закон имало и во 2016-та година, но една декада подоцна работите не се мрднати од мртва точка. Познавачите ја поздравуваат иницијативата што конечно работите се придвижуваат, но повикуваат на јавна расправа.
Предлог решенијата за подобрување на работничките права Мециновиќ најави дека ќе ги испрати до Собрание до крајот на неделава.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
