ЕУ ја пролонгира примената на EES системот до септември
Редиците со патници на аеродромите и престојните летни гужви по границите ја пролонгираат имплементацијата на влез/излез системот на ЕУ до септември.
Европската комисија потврди дека предвидува одредена флексибилност за земјите-членки кои за периодот по крајниот рок во април нема да успеат целосно да го спроведат, оценувајќи дека воведувањето толку голем систем е сложена задача.
-„ Знаеме дека постепеното воведување трае до април. Но, со оглед на тоа што постојат загрижености поврзани со претстојниот летен период, вградена е и дополнителна флексибилност, па земјите членки, доколку има потреба, можат да го продолжат овој период на постепено воведување сѐ до септември.“, потврди портпаролот на ЕК Ламерт.
На терен одредени земји членки на Унијата веќе се соочуваат со големи проблеми, особено на аеродромите каде поради постапката за регистрирање во системот патниците пропуштале летови. Од примената која започна во октомври лани, проблеми има и на граничните премини и пристаништата.
Во декември и Меѓународниот совет на аеродроми за Европа ја повика ЕК итно да ги реши зголемените проблеми во имплементацијата на системот, откако времето за обработка на податоци траело и до 7 часа чекање.
Според правилата, дигиталниот граничен систем на ЕУ бара од државјаните на трети земји кои влегуваат во Шенген-зоната дигитално да ги регистрираат своите лични податоци, да остават отпечатоци од прсти и слика.Овие податоци се евидентираат во база на податоци низ цела ЕУ која следи кога посетителот влегува и излегува од Шенген зоната и може да ги следи луѓето што остануваат по правилото од 90/180 дена.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
