Преглед на вестите од светот
Енергетскиот систем на Украина беше мета на најголемиот руски воздушен напад годинава. Илјадници Украинци во текот на ноќта останаа без електрична енегрија на темеператури и до -20 степени. Системот за греење во Киев е целосно уништен, додека во Запорожје и Харков две лица загинаа а 20тина се повредени
Зеленски го обвини Путин дека го прекршил 7дневното примирје и очекува реакција од САД, додека официјалниот став на Белата куќе е дека Трамп не е изненаден од најновите напади, Путин го одржал зборот“, бидејќи договорот важел од недела до недела и формално е истечен. Официјална Москва пак вели, нападите ќе продолжат додека Киев не донесе одлуки кои можат да стават крај на војната.
Очекуваме одговор од Соединетите Американски Држави за руските напади. Тоа беше предлог на Америка да се прекинат нападите врз енергетската инфраструктура за време на дипломатските напори и студениот зимски период. Ова барање го упати лично претседателот на Соединетите Американски Држави. Гледаме дека Русија одговори на ова барање со рекордна употреба на балистичко оружје, не поминаа ниту четири дена од неделата во која Русија беше замолена да го почитува, вели Зеленски
Русија ја продолжува својата специјална воена операција. Вратата кон мирно решавање е отворена. Русија ја одржува својата отвореност. Нашата позиција е кристално јасна, добро разбрана и од киевскиот режим и од американските преговарачи, кои ги даваат своите добри услуги во водењето на овие трилатерални преговори и на кои сме благодарни за нивните напори. Но, сè додека киевскиот режим не донесе соодветни одлуки, специјалната воена операција продолжува. Нашите војници напаѓаат цели за кои веруваат дека се поврзани со воениот комплекс на киевскиот режим, а операцијата продолжува.“изјави Песков
Додека траат ваквите обвинувања, во Абу Даби денеска и утре продолжуваат мировните преговори помеѓу Украина и Русија со посредство на САД
Најмалку 15 луѓе загинаа, а десетици се повредени при судир на брод на грчката крајбрежна стража со глисер што превезувал мигранти во близина на островот Хиос.
Сакам да ја изразам мојата тага, да им честитам на жените и мажите крајбрежни стражари кои ги спасија луѓето што беа во морето и за чување на границите на нашата земја.“ Овој инцидент покажува дека мора да се бориме против убијците-шверцери на нелегални мигранти, а овој закон има специфични одредби за воведување построги казни за овие убијци кои се единствено одговорни за она што се случува.“Танос Плеврис, грчки министер за мигарција
Спасувачката акција за пронаѓање на исчезнати лица се уште е во тек
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
