Вечерва свечено ќе бидат отворени 25. ЗОИ што ќе одржуваат од 6-22. февруари во Милано и Кортина
За првпат церемонии што ќе се одржат на четири локации, во Милано, Кортина д’Ампецо, Предацо и Ливињо. На ЗОИ 2026 ќе настапат околу 2.900 спортисти од 94 земји што е рекорден број, а четиричлениот македонски олимписки тим го сочинуваат скијачите Јана Атанасовска и Виктор Петков, како и нордијците Ставре Јада и Ана Цветановска.
Главната церемонија на свеченото отворање ќе почне вечерва во 20 часот на величествениот стадион „Сан Сиро“ во Милано, а паралелни церемонии ќе се одржат и во Кортина, каде македонски знаменосец ќе биде Атанасовска, а на церемонијата во Предацо македонското знаме ќе го носи Јада.
Олимпискиот факел е се поблиску до Милано, а илјадници луѓе се собраа по патеката за да го видат. Факелот во текот на денешниот ден ќе мине уште неколку места пред да пристигне на свечената церемонија на отворањето.
Програмата опфаќа 16 спортови и 116 дисциплини, со рекорден број од 50 женски натпреварувања и 54 машки. Ќе има и 12 екипни натпреварувања кои носат дополнителна динамика и интерес за публиката.
Зимските олимписки игри 2026 ќе завршат на 22 февруари со свечена церемонија во античката арена во Верона.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
