Преглед на вестите од светот
ЕР Канада ги прекина своите летови до Куба, откако кубанските власти ги известија авиокомпаниите дека од денеска до 11 март горивото за авиони повеќе нема да биде достапно на островот поради енергетската криза.
Канадската авиокоманија најави дека во наредните денови ќе испрати неколку празни авиони за да изнесе од земјата околу 3.000 патници кои таму останаа заглавени.
Одредени летови, особено кратки релации како оние од Мајами до Куба, сѐ уште функционираат нормално затоа што не им е потребно полнење гориво на кубански аеродроми.
Ситуацијата е резултат на прекинот на испораките на енергенси од Венецуела под притисок од Вашингтотн, како и поради американската закана да воведе дополнителни царински давачки за секоја земја што ке му помогне на островот под комунистичка влада.
Куба не добила никакви енергенси од својот главен енергетски партнер од средината на декември. Минатата недела Куба воведе вонредни мерки за заштеда на енергија, вклучувајќи четиридневна работна недела за државните компании, строги ограничувања на продажбата на гориво и скратено време на училишните часови, додека владата се обидува да ги одржи најважните услуги и економски активности.
„Ситуацијата со горивото е хаотична. Нема гориво. Имаше 30, 40, 50 автомобили овде; сега работат само четири или пет затоа што - затоа што нема гориво. Но, сепак, ќе видиме што ќе се случи.“, изјави такси возач.
„Би сакал да има дијалог меѓу Куба и САД за да можат работите да се решат, за да не мораме ние како Кубанци да поминуваме низ она низ што поминуваме сега: недостаток на нафта, електрична енергија и тие работи. За да може сè да биде поефикасно, нели?“
Авион на сомалиската авиокомпанија „СтарСкај“ се урна во Индискиот Океан по полетувањето од меѓународниот аеродром „Аден Аде“ во Могадишу.
Во авионот имало 55 патници и членови на екипажот и сите ја преживеаја несреќата.
Несреќата се случила набрзо по полетувањето. Сведоците во близина на плажата Јасира рекле дека авионот летал невообичаено ниско пред да се урне во плитка вода.
Сè уште не е позната причината за авионската несреќа.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
