Стручна конференција: Кој го изврши атентатот врз Киро Глигоров?
Кој и зошто го изврши атентатот врз Киро Глигоров? Прашања кои остануваат неразјаснети и по 30 години. Имало индиции дека може да се случи атентатот, но тогашните високораководни функционери не ги сфатиле сериозно, проценува Павле Трајанов кој беше министер за внатрешни работи од 1998 до 99 година.
„Имаше кражба на експлозив од магацините на Министерството за одбрана, втора работа имаше кражба на 12 далечински управувачи за активирање на експлозив. Подоцна се покажа дека експлозивот е истиот кој се украл од Министерството за одбрана и дека е активиран со далечински управувач. Тоа беше еден од клучните елементи што службите затаија“, изјави Павле Трајанов, екс министер за внатрешни работи.
Пропусти имало и по атентатот. По експлозијата, местото на настанот не било одбележано. Ѓраѓаните слободно се движеле и можеле да допираат парчиња од автомобилот. Не се затвориле ни границитее. Политичките мотивите според Трајанов, треба да се бараат кај српските разузнавачки служби.
„Дојдовме до сериозни информации дека од српските служби, поранешни служби или припадници на воено-разузнавачки служби во соработка со наши припадници од одбрана и од службите за безбедност кои биле поврзани, цело време, биле во иста да речеме Армија, најсигурни информации имавме за тоа дека тие структури го организирале атентатот врз Глигоров“, додаде Трајанов.
Имало блокада да се дојде до вистината.
„Се работи за промена на правецот на движење на Македонија. Мислам дека најголем интерес во тоа имаше Милошевиќ и некои други да Македонија остане дел од т.н. скратена Југославија. Тука треба да се бараат политичките мотиви за атентатот на Глигоров“, додаде Трајанов.
„Државата не успеа ни да го превенира атентатот и да открие кој го направи тоа, затоа што последиците беа многу големи. Македонија што живееше мирен живот, доживеа турбуленција и растурање на таа коалиција во 1994-тата“, изјави Љубомир Гајдов, надворешнополитички коментатор и поранешен новинар.
Киро Глигоров во 1995-тата година преживеа атентат со автомобил-бомба. Имаше потешки повреди и изгореници на главата, но откако се опорави продолжи да ја извршува функцијата претседател до 1999 година. Тој беше првиот претседател на независна Македонија.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
