Фудбал
13. February 2026 - 13:56

Лига Нации: Македонските фудбалери на стартот дома со Швајцарија, на крајот дома Словенија

Европската фудбалска асоцијација го објави распоредот на натпреварите во годинешното издание од Лигата на нации.

Македонските фудбалери дебитантскиот настап во Б конкуренцијата ќе отворат на домашен терен и тоа против селекцијата на Швајцарија.

Првиот натпревар во историјата против оваа репрезентација ќе го одиграме на 26.септември на арената Тодор Проески, a почетокот е закажан за 20 часот и 45 минути.

Во првиот циклус на натпревари кога на програмата се вкупно четири кола имаме две гостувања во Словенија (29. септември) и Швајцарија (6. октомври), додека на домашен терен ќе играме и со Шкотска (3. октомври).

Во последните две рунди во ноември прво патуваме за Глазгов против Шкотска (13. ноември), а во последното коло во Скопје се среќаваме со Словенија (16. ноември).