Преглед на вестите од светот
Грчките земјоделци ги изнесоа своите трактори од центарот на Атина по ноќниот протест пред грчкиот парламент. Не се исполнети нивните барања околу зголлемените на трошоците за производство и бавното исплаќање на надместоците.
Земјоделците свиреа со сирени и ги запалија моторите додека десетици трактори тргнаа од плоштадот Синтагма кон националниот автопат Атина-Ламија.
Организаторите изјавија дека околу 2.500 демонстранти планирале координирано заминување непосредно пред 11:00 часот наутро, но инсистираа дека протестот е во тек и дека ќе се спроведува преку други форми на мобилизација.
Секторот е погоден и од појава на овчи и козји сипаници, при што стотици илјади животни се убиени од 2024 година.
Хуманоиден робот научи Кунг-фу. Кинеската компанија за роботика АгиБот го претстави својот последен модел кој успешно изврши сложени движења, како летечки удар со нога, контунирани удари со нога, вртење на земја.
Оваа демонстрација ја претстави револуционерната иновација во хардверот и алгоритмите за контрола на движењето на роботот, означувајќи пресвртница каде што хуманоидните роботи во полна големина еволуирале од основна интеракција до поседување и когнитивни и физички способности.
Иранскиот режим е пред колапс, тврди опозиционерот Реза Рахлави кој е во азил. Тој во Минхен рече дека Иранците се во целосен бунд, а само прашање на време е кога ќе дојде до смена на политичкото раководство во земјата.
-Светот треба да разбере, вклучително и американската администрација, сега дали западниот свет ќе интервенира или не. Нашата борба ќе продолжи и режимот ќе се сруши секако. Единственото прашање е по која цена иранскиот народ може да ја врати својата слобода?“, рече Пахлави.
Од крајот на минатата година ситуацијата во Иран е комплицирана откако избија големи протести во Кабул и во останатите држави ширум државата. Иран има искуство со неуспешни револуции во минатото, а се уште е нејасно дали оваа ќе резултира со политичка промена во државата.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
