Преглед на вестите од светот
Иако поранешнио и британски принц Ендру Маунтбатен Виндзор е олободен од притвор истрагата против него продолжува. Тој и сè уште може да биде повикан на дополнително испрашување соопшти британската полицвијата.
Полицајци вршат претрес на претходниот дом на Ендру, Кралската ложа во Виндозр. Поранешниот британски принц помина 11 часа во притвор вчера – на неговиот 66-ти роденден - откако беше уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција.
Британските органи го истражуваат неговото однесување како британски трговски претставник од 2001 до 2010 година откако е-пораките во досиејата за Џефри Епстин обавени минатот месец од страна на Министерството за правда на САД сугерираат дека тој споделувал класифицирани информации, вклучително и извештаи за неговите официјални посети и потенцијални инвестициски можности, со осудениот педофил Епстин.
Кралот Чарлс трети ја поддржа истратата против негоивот брат. Според претседателот на САД Трамп, кој исто така се споменува во досиејата за Епстин, апсењето на Ендру претставува срам и е лошо за британското семејство.
-Мислам дека е штета. Мислам дека е многу тажно, мислам дека е толку лошо за кралското семејство. И навистина е интересно бидејќи никој не зборуваше за Епстин кога беше жив, а сега зборуваат. Но, јас сум оној што може да зборува за тоа бидејќи сум целосно ослободен. Не направив ништо. Всушност, спротивното. Тој беше против мене. Се бореше против мене на изборите, што штотуку го дознав со последните три милиони страници документи, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Нуклеарната централа Запорожје во југоисточна Украина, која е под контрола на Русите, работи само со енергија од далноводот „Дњепар“,соопшти Меѓународната агенција за атомска енергиа. Резервниот далновод беше урнат на 10 февруари како резултат на воени активности изјави првиот човек на Агенција.
„Конфликтот во Украина е на прагот да влезе во својата петта година и тој продолжува да претставува најголема закана во светот за нуклеарната безбедност. Како што знаете, тимовите на МААЕ се на терен во сите нуклеарни централи погодени од овој конфликт и објавуваме редовни информации за состојбата со нуклеарната безбедност и сигурност таму.“
Најголемата нуклеарна централа во Европа,, која беше заземена од руските сили во првите недели од војната, не произведува електрична енергија, но ѝ е потребна енергија за да го одржува нуклеарниот материјал ладен и да спречи топење на јадрото.
Русија и Украина постојано меѓусебно се обвинуваат за воени активности во близина на централата што би можеле да ја загрозат нуклеарната безбедност. Контролата врз Запорожје останува клучна во преговорите помеѓу Киев и Москва.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
