Уставен пресече - пензиите на пензионерите во странство не може да растат како оние на македонските пензионери
Пензиите на пензионерите кои живеат во странство не може да растат како оние на македонските пензионери.
Уставниот суд не поведе постапка по дури 5 поднесени иницијативи на нерезидентни пензионери кои сметаат дека се дискриминарни бидејќи лани не добиле покачување. Иако ставот на судијата известител Осман Кадруи е ист како нивниот, однонсо дека правото на пензија се стекнува врз основа на уплатени придонеси, а не врз основа на местото на живеење, сепак мнозинството уставни судии сметале дека фактичката состојба на македонските пензионери не е иста како на оние кои живеат во странство.
Уставниот суд денеска ја запре и постапката за измените на Кривичниот законик. Иако не се целосно задоволни од изментите кои Собранието ги донесе минатиот месец, сепак решиле да не создаваат нова правна празнина и да го почекаат целосното новото законско решние кое е во подготвка.
Уставниот суд денека го поништи и правилникот за сообраќајни знаци, поради кој земјите од регионот го користеа кодот „НМК“, спротивно на меѓународните договори меѓу кои и Преспанскиот
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
