Техеран им се извини на соседите
Иранскиот претседател им се извини на соседните држави за ракетирањето. Вели, Техеран нема да испалува ракети кон соседите доколку тие не го нападнат Иран.
- Лично им се извинувам на соседните земји кои беа погодени од постапките на Иран. Немавме намера да ги нарушиме соседните земји (територија), како што реков многу пати, тие се наши браќа. Одлуката им беше соопштена на вооружените сили дека од сега па натаму не треба да напаѓаат соседни земји или да испукуваат ракети освен ако тие земји не нè нападнат нас. Мислам дека треба да го решиме ова преку дипломатија и да избегнуваме спорови и несогласувања со соседните земји, рече претеседателот Масуд Пезешкиан.
И покрај оваа изјава на иранскиот претседател, најфрекфентниот аеродром во светот и денеска беше погоден од проектил, за кој се верува дека е беспилотно лето.
Сепак, застој во работата имаше само еден час, по што авиосообраќајот беше нормализиран. Од утре од овој аеродром, и од други во регионот почнува евакуацијата на македонските граѓани од Бликсиот Исток. За утре е најавен првиот чартер од Дубаи. Авионот треба да слета околу 21 часот, а патниците ќе ги пречека министерот за надворешни работи, Муцунски.
Американскиот претседател по извинувањето на иранскиот претседател рече дека во текот на денот Техеран ќе претрпи огромни штети. Во меѓувреме, Израел и САД продолжија да го бомбардираат Техеран.
Иран, според светските медиуми, со дрон нападнал нафтен танкер во Ормутскиот теснец откако екипажот не одговорил на предупредувањата од Иранската Исламска Револуционерна Гарда.
Во меѓувреме, Израел подготвува офанзива во Либан. Израелската армија стационираше нови трупи, тенкови и оклопни возила на границата и се очекува копнено да го нападне Хезболах, кој е главно финансиран од Техеран. Откако Хезболах се замеша во војната, Израел ги ракетира териториите кои се под контрола на терористичката организација. Само денеска регистрирани се 16 загинати во ракетните напади од Тел-Авив.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
