Синот на Али Хамнеи - Моџтаба, избран за нов врховен лидер на Иран
Иран го назначи Моџтаба Хамнеи за нов врховен лидер . Тој го наследува неговиот татко Али Хамнеи, кој беше убиен за време на првиот ден од американско-иранските напади и беше избран од страна на Собранието на експерти, тело од 88 свештеници. Со тоа се испаќа сингал дека тврдокорните остануваат цврсто на власт во Техеран. Моџтаба, свештеник од среден ранг со влијание во иранските безбедносни сили и огромните бизнис мрежи под водство на неговиот татко.
„Со одлучувачко гласање, Собранието на експерти го назначи ајатолахот Сејед Моџтаба Хосеини Хамнеи за трет лидер на светиот систем на Исламската Република Иран“, се вели во соопштението објавено веднаш по полноќ по техеранско време. Позицијата му дава последен збор во сите државни прашања во Исламската Република.
Иако владејачката идеологија на Иран се спротивставува на принципот на наследно наследување, тој има моќни следбеници во Гардата и во сè уште влијателната канцеларија на неговиот починат татко.
Поддржувачите рекоа дека се радувале кога дознале дека Моџтаба Хамнеи ќе го наследи својот татко Али Хамнеи како нов врховен лидер на Иран.
По цела недела чекање и, секако, по шокот што го нанесе општеството од смртта на ајатолахот Хамнеи, многу сме среќни што сега лидерот е избран. Сега сме сигурни дека патот ќе продолжи со неговото водство.“
Именувањето на Моџтаба веројатно ќе предизвика гнев кај американскиот претседател Доналд Трамп
Трамп кусо се осврна и на цените на нафтата и на својата социјална мрежа напиша: „Краткорочните цени на нафтата, кои брзо ќе паднат кога ќе заврши уништувањето на нуклеарната закана од Иран, се многу мала цена што треба да се плати за САД и светот, безбедноста и мирот“.
Ескалацијата и продолжената војна меѓу САД и Израел со Иран само ќе ги зголеми цените на нафтата. Кризата се одвива околу Ормускиот теснец, низ кој нормално поминува околу една петтина од светските резерви на нафта. Цената на нафтата достигна над 100 долари за барел и ќе зависи од тоа колку долго ќе продолжи целосното нарушување на протокот од Ормускиот теснец. Прекините во движењето на танкерите и зголемените безбедносни ризици веќе ја забавија активноста на превозот. Ирак и Кувајт почнаа да го намалуваат производството на нафта, а претходно намалувања на течниот природен гас направи Катар.
Медицинските работници се собраа пред болницата „Ганди“, која беше сериозно оштетена од воздушниот на 1.март, за да ги осудат нападите што ги кршат меѓународните договори и хуманите правила.
„Знаеме дека и ние може да бидеме нападнати, но не се плашиме. Цврсто стоиме за да ја браниме нашата татковина.“
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги посети луѓето повредени од војната со САД и Израел во Техеран. Во нападите меѓу САД и Израел загинаа најмалку 1.332 ирански цивили.
Во иранските напади загинаа 10 лица во Израел. Најмалку шест припадници на американските сили се убиени.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
