Loading Video...
Свет
9. March 2026 - 16:41

Назначен нов ајатолах, војната на Блискот Исток продолжува

Моџтаба Хамнеи е новиот врховен лидер на Иран. Доаѓа на местото на неговиот татко Али Хамнеи кој беше убиен пред девет дена во американско - израелските напади врз Иран. Моџтаба, 56 годишен свештеник немал формална дражвна или владина функција, но долго време се сметаше за еден од највлијателните луѓе на режимот зад сцената.

Не држел јавни говори или интервјуа, ниту пак има многу слики или видеа од него. Иранската револуционеран гарда, најмоќната сила во Иран го поздрави изборот и се заколна на верност на новиот лидер. Израел и САД се заканија дека ке го нападат Моџтаба бидејќи бил избран од теророрситчки режим.

Според експерти, заканите од Трамп не го поколебаа Иран во одлукаат кој ке го наследи Али Хамнеи.

-Она што остана од раководството на Исламската Република  јасно му кажува големо не на Доналд Џ. Трамп. Тие наместо тоа се одлучуваат за континуитет во рамките на режимот. И всушност, мислам дека прават повеќе од тоа. Значи, назначувањето на Моџтаба Хамнеи е одраз на фактот дека тврдокорните во тој систем сега имаат предност. Не само што велат дека ќе продолжат со ова борба, барем на краток рок, воено, но тие исто така велат политички дека имаат план за игра и дека, колку што можам да видам во Вашингтон, треба да биде повик за будење, бидејќи каква и да е политичката агенда што ја имаше претседателот Трамп во однос на промените во Иран? Во моментов, таа агенда не се случува, изјави  Алекс Ватанка,  висок соработник во Институтот за Блискиот Исток.

А Моџтаба Хамнеи првите часови од неговоит мандат ги одбележа со нов бран напади со ракети и беспитлотни летала кон Изарел, но и повеќе држави од регинот, кои почнаа да ја заостроуваат реториката кон Иран. Во Саудиска Арабија, Обеднетите Арапски Емирати, Кувајт, Катар и Бахреин нападнати се енергетски капацитети и американски воени цели. Рија пријави напад врз амбасадата на САД.

Бахреин пак соопшти за 32ца повредени цивили во ирански напади со дронов врз стабени згради.

-Нè растажува она на што беа подложени нашата драга земја и арапските, сестрински и пријателски земји, од невидени напади што не можат да се оправдаат под никаков изговор од страна на Иран. Бахреин отсекогаш бил и ќе остане нација на мирот што никогаш не започнала непријателства против никого и само го следела патот на соработка и добрососедство, изјави кралот на Бахреин, Хаман Бин Иса Ал Калифа.

Турција пак информира дека балистичка ракета испукана од Иран била пресретната во турскиот воздушен простор од одбранбените системи на НАТО, што е втор ваков инцидент за пет дена. САД имаат воздухопловни сили стационирани во барзата Инџирлик на југот на Турција.

Изарелските воздушни напади врз Иран предивикаа штета врз базата на беспилотни летала во Ахваз и воените објекти во Исфахан. Израелски сили жестоко удираат и позиции на Хебзолах во Либан.

Во меѓувреме шефот на иранската дипломатија за НБС изјави дека Соединетите американски држави побарале но Иран не прифатил прекин на огнот, нагласувајки дека борбата ќе продоллжи се додека не се гарантира безвбенсоста на иранскиот народ. Трамп пак возрати - одлуката кога ќе заврши војната со Иран ќе ја донесе тој заедно со Нетањаху.