Хегсет: Денес ќе ги изведеме најинтензивните американски напади врз Иран
Небото на Блискиот Исток не се смирува. Продолжува војната со балистички ракети и дронови – САД и Израел го бомбардираат Иран, додека Иран возвраќа со напади врз Изарел и земји во регинот на чии територии се наоѓаат американски бази. Катар и Обединетите Арапски Емирати пријавија ирански напади.
Денешниот ден ќе биде најинтензнивниот ден на американски напади врз Иран во досегшната кампања, откри американскиот министер за одбрана.
- Денес ќе биде уште еднаш, нашиот најинтензивен ден на напади во Иран. Најмногу ловци, најмногу бомбардери, најмногу напади. Разузнавањето е поусовршено и подобро од кога било. Значи, тоа е од една страна. Од друга страна, во последните 24 часа Иран испали најмал број ракети што можел да испали досега. Иран стои сам и тие лошо губат, изјави Пит Хегсет, секретар за одбрана на САД.
Претходно шефот на Белата куќа изјави дека војната против Иран е во завршна фаза. Кога ќе заврши операцијата Епски Бес, Техеран повеќе нема да има никаков капацитет за оружје против Соединетите Американски Држави, Израел и кој било сојузник на САД уште долго време, рече Трамп на синоќешната прес конференција во Белата куќа. Израелскиот премиер пак вели дека Изарел нема намера да ги прекине операциите против иранската власт во блиска иднина.
Техеран ќе одлучи кога војната ќе заврши, возврати портпаролката на иранската влада.
- Целосниот одговор на владата е дека, иако ние не ја започнавме војната, ние ќе ја завршиме. Ова е втор пат ова (војна) да се случи, а во средината на преговорите, буквално, преговорите се бомбардираат. Затоа, секое медијација што ќе се случи природно ќе биде под услови каде што прво нема само прекин на огнот, туку и целосен договор, што значи достигнување точка каде што знаеме дека нема да се случи повторно, изјави Фатеме Мохаџерини, портпаролка на иранската влада.
Во меѓувреме Шефот на иранскиот Совет за национална безбедност Али Лариџани испрати заканувачка порака до Трамп како одговор на објавата на американскиот претседател во која се закани дека ќе го удри Иран посилно ако го запре протокот на нафта низ стратешки важниот Ормутски теснец.
„Иранскиот народ е подготвен на жртва и не се плаши од вашите празни закани. Дури ниту оние помоќните од вас не можеа да го елиминираат Иран. Внимавајте вие да не бидете елиминирани“ – наведе Лариџани на платформата Икс.
-
Емилија Штејов
Сите содржини од овој новинар
