Успешно евакуирана третата група македонски државјани од Блискиот Исток

На Меѓународниот аеродром во Приштина синоќа пристигна третиот организиран лет со патници кои беа успешно евакуирани од Катар, Кувајт, Кралството Саудиска Арабија и Кралството Бахреин.
Како што објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, патниците претходно со организиран превоз биле транспортирани до Ријад, од каде што со специјален лет безбедно го напуштиле регионот.
-Во авионот имаше 151 патници, од кои 109 македонски државјани, како и државјани на повеќе други земји. Евакуацијата беше реализирана врз основа на претходно утврден план и во координација со надлежните институции, се наведува во објавата на Муцунски на Фејсбук.
Тој додава дека безбедноста на македонските граѓани останува наш највисок приоритет и оти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и понатаму останува на располагање на сите наши државјани кои имаат потреба од поддршка во погодените региони.
Ново на Сител
-

Кили починал во сон од инфаркт, ќе биде погребан во Еквадор
-

Царинска управа: Спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле на ГП „Блаце“
-

Дрејпер го елиминираше Ѓоковиќ и ќе се соочи со Медведев во четвртфиналето на Мастерсот во Индијан Велс
-

Пет победи за македонските кикбоксери на Светскиот куп во Италија
-

На ФФОСЗ промовирана нова современа дијагностичка опрема за тестирање на спортисти
-

Одземен пасош, забрана за работа и приближување за професорот пријавен за сексуално вознемирување
-

Иран нападна цели во Ирак, Бахреин, Оман и Израел
-

Николоски во Вашингтон: Инвестициите на коридорите во Македонија го комбинираат бизнисот и безбедноста
