Македонија
13. March 2026 - 14:21

Се претставил како директор на компанија што тргува со крипто валути, 32-годишник измамен за 340.000 денари

На 12.03.2026 во 13:00 часот во СВР Битола 32-годишен маж од Битола пријави дека во периодот од 19.01.2026 до 13.02.2026  преку електронска пошта воспоставил комуникација со лице кое се претставило како  директор на компанија  што тргува со крипто валути и истиот го довел пријавителот во заблуда, при што му дозволил пристап до неговиот компјутер и во повеќе наврати му префрлил вкупно 340.000 денари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.