Македонија
13. March 2026 - 16:33

Обид за намалување на цената на горивата и ублажување на енергетската криза

Поевтинуваат горивата на бензиниските пумпи кои ги снабдува ОКТА. 

Макпетрол кој од почетокот на минатата година има 3 годишен договор за набавка на нафта од ОКТА вели дека се уште не добил официјална информација за намалувањето на цената. Сепак, од компанијата сметаат дека тоа не е доволно. 

„Макпетрол“ како најдобро решение за надминување на проблемот за сите засегнати страни, вклучувајќи ги граѓаните, смета дека е замрзнување на набавните цени на нафтените деривати, а со тоа и малопродажните цени, како што е пракса во регионот – се вели во соопштението на нафтената компанија.

Министерката за енергетика вели дека во моментов Македонија располага со доволни количини на горива и покрај силниот притисок кој го вршат граѓаните на соседните земји. 
Тоа како што објасни и Премиерот прилично ја ограничува Владата во изборот на мерки кои и стојат на располагање. 

Цената на суровата нафта на светските берзи утрово повторно се врати на 100 долари за барел по намалувањето на средина од неделава. Тоа го принуди САД да ги олесни санкциите кон Русија дозволувајќи околу 100 милиони барели сурова нафта кои пловат на руските танкери и се заглавени поради санкциите да стигнат до своите дестинации во надеж дека со поголема понуда ќе падне и цената. 

Литар дизел на бензинските пумпи во Македонија во моментов не смее да биде поскап од 85,5 денари. Најскап дизел сме плаќале во јуни 22та кога цената надмина 110 денари за литар. Нова цена Регулаторна ќе објави во понеделник на пладне.