Македонија
23. March 2026 - 21:06

Пропадна изборот за член на Антикорупциска, ќе се распишува нов оглас

Поништен е огласот за избор на нов член на антикорупциска.. Собраниската комисија за избори и именувања, ја прекина постапката, иако четворица кандидати, веќе беа во трка за испразнетото место во ДКСК.. Причина е сомнеж дека еден од кандидатите можеби бил донатор на политичка партија во последните десет години.. Поради тоа, комисијата денеска одлучи едногласно да го поништи огласот.. Претседателот на комисијата, Игор Здравковски, во телефонски разговор за Сител вели дека тие немаат надлежност да ги проверуваат нотарските изјави на кандидатите.. Токму затоа, за да се избегнат сомнежи, одлучиле да ја прекинат постапката.. Според експертите, ваквата одлука е оправдана.. Предупредуваат дека продолжување на процесот би го довело во прашање кредибилитетот на изборот.. 

Сметам дека е правилна донекаде оваа одлука на комисијата, бидејќи, знаете, таква работа како под некој начин давање под наводници, изјава која не е веродостојна во делот на финансирање  на политички партии, може да го замагли целиот процес на избор на кандидатот за нов член на ДКСК. Од друга страна, комисијата можеби можеше да продолжи со останатите тројца кандидати, но, тоа можеше да предизвика определени реперкусии, членот можеше да се жали, можеше да ја одолговлечи целата постапка“, изјави Благоја Пандовски, Претседател на Транспаренси Интернешнл.

Еден од условите за избор е кандидатот да не донирал на политичка партија во изминатите 10 години.. Минатата недела во Собранието беа интервјуирани четворицата кандидати за член на ДКСК.. Антонија Андонова Тасевска прашана дали донирала, рече дека не се сеќава.. Борче Стојановски, пак, изјави дека никогаш не донирал на политичка партија.. Огласот беше распишан по оставката на Цвета Ристовска.. Таа се повлече по обвинувањата за судир на интереси и непријавен имот..