Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
Пакистанската престолнина Исламабад стана центарот на светот по најавата дека таму утре ќе се одржат мировните преговори меѓу Иран и САД. Белата куќа официјално соопшти дека во преговорите го испраќа потпретседателот Џеј Ди Венс заедно со специјалните пратеници Стив Виткоф и Џерад Кушенр. Официјални информации за составот на иранската делегација се уште нема но во Исламабад се очекуваа претседателот на собранието Мохамад Галибаф и шефот на дипломатијата Абас Арагачи.
Преговорите следат по договорот за двонеделен прекин на огнот кој Трамп го најави на средина од неделава.
САД бараат слободен проток на нафта низ ормутскиот теснец кој се уште е речи си затворен како и ограничување на иранските воени и нуклеарни капацитети и намалување на регионалното влијание на Техеран.
По прогласувањето на победа во војната против САД, иранскиот лидер бара целосна контрола врз ормутскиот теснец со најава за воведување на такси за транспорт на нафта. Бараат целосно повлекување на санкциите заедно со гаранции дека ќе нема нови напади и компензации за претрпената штета.
„Мислам дека треба да се надмине постојната недоверба, која постои и има своја историја. Сметам дека ќе биде потребен голем напор, не само од страна на Пакистан или посредниците што се вклучени, туку и од целиот свет. Се надеваме дека сите – и во Пакистан и надвор од него, без разлика од која сфера доаѓаат – посакуваат ова да резултира со добар исход
Товар на целиот процес останува Либан кој е и натаму е под силни израелски напади во ситуација кога Техеран смета дека и овие територии треба да бидат опфатени со веќе договореното примирје. Но експертите не очекуваат компликации
„Прашањето е дали Иран е подготвен да го фрли сето она што досега го постигна во дипломатскиот процес околу Либан и Хезболах? Мислам дека не. И сметам дека Иран го користи тоа прашање како алатка за да извлече дополнителни отстапки.“
Од вчера во Исламабад ниту пиле не може да прелета. Градот е под опсада на бројни полициски воени и паравоени структури. Неколку дена затворени ќе бидат сите училишта и државни институции а во владиниот кварт воопшто не е дозволено никакво движење. Но граѓаните на Исламабад не се жалат и се гордеат со напорите на нивната влада да ја запре војната
„Гледаме одлични резултати. Нека Бог ги благослови овие преговори; тие се добри за нашата земја, добри за народот и добри за економијата. И фала му на Семоќниот Бог што на Пакистан му е дадена оваа чест – Пакистан стана лидер во целиот свет.“
„Голема радост е што Пакистан го направи своето име познато низ целиот свет. Заслугата за тоа му припаѓа на премиерот на Пакистан.“
Сепак, договорениот прекин на огнот е кревок. Израел не е дел од процесот, нуклеарното прашање останува отворено, а секоја нова ескалација во регионот може за неколку часа да го врати конфликтот на почеток. Во такви услови според експертите суштинското прашање не е само дали ќе постигне договор толку колку долго ќе трае за што и двете страни во моментов изразуваат само умерен оптимизам.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
