Loading Video...
Свет
12. April 2026 - 16:32

Преглед на вестите од светот

Без успех завршија преговорите меѓу Иран и САД во Пакистан. Според информациите, главните разлики останале околу нуклеарната програма на Иран и статусот на Ормутскиот теснец, клучна точка за глобалната енергетска безбедност.

И покрај неуспехот да се постигне конечен договор, двете страни најавиле дека контактите ќе продолжат, а Пакистан, кој посредува во процесот, оцени дека разговорите се важен чекор кон понатамошна дипломатија и деескалација.

САД и Иран минатата недела договорија двонеделно примирје како начин да и се даде шанса на дипломатијата

Унгарија денеска гласа на парламентарни избори кои би можеле да стават крај на 16 годишното владеење на премиерот Виктор Орбан. За прв пат по подолго време  тој има сериозен противкандидат кој имаше и блага предност на предизборните анкети. Станува збор за Петар Маѓар поранешен функционер во неговата партија кој сега ја преводи центар десничарската опозиција

Аналитичарите оценуваат дека изборите се пресвртница не само за Унгарија, туку и за политичките односи во Европа.

Со меѓусебни обвинувања за прекршување но и размена на заробеници Русија и Украина го туркаат велигденското примирје.

За граѓаните во Доњецк тоа е ретка можност во мир да ги извршат верските обреди.

Руските новински агенции блиски до Кремљ објавија дека „велигденското примирје“ прогласено од Русија стапи на сила вчера околу 16 часот ќе трае до крајот на денешниот ден.