Македонија
13. April 2026 - 12:19
Питачењето како феномен за кој се бара решение
Питачењето по штипските улици и угостителските објекти останува сериозен и долготраен проблем. Сиромаштијата, социјалната исклученост и недоволната едуцираност ја прави оваа категорија граѓана да биде уште поранлива. Локалната самоуправа изврши мапирање на децата Роми кои питачат, со цел да им се укаже адекватна помош.
- Секако разговаравме со нивните родители и не станува збор за повеќе од 10-тина ромски семејства кои ја првата сликата ложа за сите граѓани во нашиот град, Јас сметам дека како локалната самоуправа, центрите за социјална работа и сите оние кои можат на некој начин да помогнат за решавање на овој проблем, да се организира еден состанок преку кој ќе се овозможи на ромската заедница да се намали питачењето, пред се на дечињата кои живеат во нашиот град, изјави Ерол Адемов, советник за ромски прашања, ЛС-Штип.
Питачењето остава долгорочни последици врз развојот на децата, кои наместо во училиште, времето го поминуваат на улица.
- Она за кое што ние како локална самоуправа се залагаме е во делот на образованието. Тука е вклучувањето на децата во предучилишните установи, кое го правиме со години. Исто така, помош и поддршка на учениците во основното образование, доделување на стипендии за сите средношколци во средно образование преку МОН, а исто така и поддршка на студентите во нашата општина, а тоа е ослободување во прва година од плаќање партиципација, додаде Адемов
Во делот на вработувањето, локалната самоуправа работи на запознавање со оперативниот план на Агенцијата за вработување со сите мерки и програми.
- Да можат истите да се стекнат со квалификации и вештини кои ќе им обезбедат полесен пристап до пазарот на труд, изјави Адемов
Решението не е едноставно, но неопходно е питачите да се тргнат од улица и да им се обезбеди сигурна и достоинствена иднина.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
