Свет
13. April 2026 - 16:34

Какви промени носи падот на Орбан?

По падот на Орбан Европската унија конечно може да здивне. Политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски смета дека вчерашните изборни резултати во Унгарија ставаат крај на блокадите во Брисел, а со заминувањето на Орбан Унијата ја отстранува најголемата пречка за внатрешни реформи и заедничката надворешна политика.

Според Атанасовски во моментов сепак е неизвесно како доаѓањето на Маѓар ќе влијае врз односите Скопје-Будимпешта.

Она што е сигурно е дека земјава губи голем поддржувач на македонските евроинтеграции внатре во Унијата, која досега се обидуваше да најде механизими да го заобиколи вето-системот, главно за да ја забрза интеграцијата на Украина, но бенефит можеа да имаат и земјите од Западен Балкан.

Крајниот исход од оваа промена според Атанасовски ќе покаже дали Европската унија е подготвена за вистинско обединување и дали ќе ја искористи шансата за системски рестар.